Мастите во нсхраната
Во денешно време многу се зборува за диети и за редукција на мастите во исхраната, дури во толкава мера што многу луѓе сметаат дека мастите треба сосем да се одбегнуваат зашто се лоши за нас. Секако, тоа не е правилно размислување.
Многу продукти содржат масти. Мастите го подобруваат вкусот на храната што ја внесуваме и го забавуваат варењето на храната во стомакот, што го спречува прераното чувство на глад по јадење.
Мастите, покрај белковините и јаглеродните хидрати, се главни состојки на храната, со енергетска вредност од 9kcal на 1 грам маст.
УЛОГАТА НА МАСТИТЕ
Освен што ни даваат енергија, мастите се важен извор на витамините А, D, Е, K, како и на есенцијалните масни киселини што организмот не може сам да ги произведе. Исто така, мастите обезбедуваат нормално функционирање на организмот, учествуваат во изградбата и одржувањето на структурата на клетките, служат во синтезата на антителата и на некои хормони, служа
...
Читать дальше »